Американски „Си-Ен-Ен“ ја анализираше големата победа на Новак Џоковиќ против Роџер Федерер со 3-2 во сетови, која му го донесе петтиот трофеј на Вимблдон.

Медиумот пишува дека Џоковиќ нема никогаш да биде популарен колку што е Роџер Федерер или Рафаел Надал, но и покрај тоа редовно ги победува нив, но и слави на најважните турнири.

Важно е и тоа дека Џоковиќ стигна до 16 гренслем-титули, па така се приближи на рекордот на Федерер од 20, додека Надал има 18.

„Следната година ќе има промени, посебно ако Џоковиќ го освои Ју-Ес Опен, кадешто ќе биде прв фаворит за освојување на турнирот“, пишува во текстот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here