Станува збор за млад надежен диџеј и продуцент кој има неколку фестивалски настапи во Хрватска и Македонија, настапи на Legovec Land, а се најде и во улога на пред диџеј во изминатово лето на Ohrid Calling, фестивал на кој настапуваа реномираните Аfrojack и Hardwell.

За сите кои сакаат да го запознаат подобро, Kortexx како диџеј особено е познат и автентичен по неговиот музички жанр (Groove House).

Младиот Константин Марковски или познат како Kortexx е постојано активен и никогаш не изморен кога станува збор за продуцирање на нова музика, последниот проект на Константин е заедно со вокалистот и гитарист Симеон Коруноски, кои како тандем пред македоснката јавнсот ја претставија својата музичка композиција насловена „Don’t you know“, музичко творештво кое наиде на безброј позитивни реакции.

Во последните неколку месеци, Kortexx има забележителни настапи во Охрид и Битола, неговата мисија е единствена, преку енергични сетови до гаранција на распеана и разиграна публика.
Сите кои сакаат журка за паметење, следете ги настапите на Константин Марковски кој ветува насмеани лица, исполнети со љубов и среќни моменти!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here