Вчера попладне во водите на акумулацијата „Турија“ кај Струмица е пронајден човечки труп во резервоар за гориво од товарно моторно возило, а другото безживотно женско тело е пронајдено оставено во црна кеса во селото Горно Оризари.
Два трупа пронајдени во рок од 24 часа ја вознемирија македонската јавност. Случајот кај Турија го потврди МВР во изјава што ја пренесоа повеќе македонски медиуми, информирајќи дека трупот е предаден на судска медицина за да се изврши обдукција и идентификација.
Во вториот случај, вработен во Комуналното претпријатие во Скопје, наишол на црна пластична кеса со безживотно тело, додека патувал кон селото Горно Оризари.
Инаку за многу кратко време ова е втор случај на пронајдено мртво тело во струмичката акумулација.Кон крајот на јуни телото на струмичанецот Ристо Иљашев е пронајдено во метално буре исто така во водите на браната Турија.