Марко Пејчиноски, чудото од дете кое на 12 години го преплива Охридското Езеро иако има некроза на ногата, тргнува во нова мисија!
Овој пат, Марко најави нов подвиг и нов маратон, кој ќе биде од хуманитарен карактер, а со кој ќе се обиде да им помогне на лицата со ретки болести. Храброто момче кое стана и заслужен граѓанин на Охрид, неуморно се подготвува за уште еден подвиг на Охридското Езеро, кој ќе се обиде да го постигне на 28 август.
На овој начин, Охридското езеро и Марко полека испишуваат нова легенда, а претстојниот подвиг Марко ќе се обиде да го постави на 28 август на празникот Голема Богородица.
Новиот предизвик на Пејчиновски ќе биде пливање на релација од Охрид до Св. Наум, и тоа преку Струга и назад до Охрид.