Малиот “Манчестер” – Штип, има пред себе светла иднина, особено кога станува збор за новите млади генерации кои допрва следуваат и треба да го продолжат развојот на текстилната гранка.
За медиумите и јавноста, младите преку свој настан и апел ја искажаа својата желба кон образование и едукација плус, еве што тие изјавија:
Нашето СОУ“Димитар Мирасчиев” – Штип, претставува блескав мозаик од светот на модата и дизајнот, преку двата смера кои се во склоп на нашето училиште:
– Техничар за дизајн на облека
– Техничар за дизајнирање на облека
Овие смерови генерално го привлекуваат нашето внимание, бидејќи се образуваат модни дизајнери како творци на едни од најатрактивните производи, модни производи.
Нашите посветени наставници наставата ја одржуваат во современи опремени училници, а пак практичната настава се изведува во посебни работилници кои се во склоп на нашето училиште, каде имаме можност нашето знаење и практично да го насочиме.
Ние учениците своите знаења ги надополнуваме со посета на современи фабрики и мислења од стручни лица на наше поле. Учествуваме во многу проекти и активности во нашиот град Штип и пошироко со креирање на модни ревии и настани во нашиот град. А по завршувањето на нашето средно образование имаме можност да си отвориме и сопствени модни ателја, бидејќи нашиот смер има светла и бизнис перспектива или нашето образование може да го продолжиме на некој од нашите факултети, затоа што во ова училиште сме подковани со знаења и од други предмети.
На некој начин иако сме дискриминирани во однос на другите средни училишта, сакаме да ви посочиме дека сме тука, секојдневно работиме, се едуцираме, креираме со многу љубов…
ПОСТОИМЕ!