Владата предводена од СДС е решена да го дотолчи и онака сиромашниот македонски народ. Во овие кризни моменти кога не по своја вина голем дел од работниците остануваат без работни места, има кратење и нередовно исплатување на плати, владата на СДС решава да им зададе уште еден удар, со тоа што ќе ја покачи акцизата на горивата. Инаку, за потсетување СДС веќе еднаш ја покачи акцизата за 3,5 денари со што на граѓаните тогаш им зема над 50 милиони евра.
Сега со дополнителното покачување од 2 денари тоа ќе значи дека граѓаните, превозниците, земјоделците, пекарите, индустријата и сите други плаќаат приближно 90 милиони евра повеќе поради расипничката политика на распашаната власт на СДС. Ова е уште еден доказ дека власта на СДС знае само да зема од граѓаните и да работи против нив.
Покачената акциза ќе предизвика и други индиректни штети кои ќе значат повисоки цени и услуги на сите продукти.
Македонската економија од кога СДС е на власт тоне во црнила и секој ден се повеќе и повеќе се движи во негативна и надолна линија. Граѓаните не се должни да ја крпат буџетската дупка, а уште помалку се должни во овие кризни моменти да плаќаат за лошите економски политики. Владата мора најитно да ги преиспита овие непромислени потези и да запре со своето неодговорно работење.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here