Раководството на Серија А соопшти дека италијанскиот шампионат ќе продолжи на 13 јуни. Клубовите се враќаат на групните тренинзи од 18 мај и ќе имаат повеќе од три недели за подготовки за продолжение на сезоната.

Меѓутоа, единствен проблем е тоа што доколку на групните тренинзи се појави барем еден фудбалер позитивен на коронавирус, сите играчи ќе мора да одат во карантин, кој трае 14 денови.

Серија А ќе му пристапи поинаку на овој проблем, за разлика од Бундеслигата, која во случај на заразен фудбалер, ќе го изолира само него.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here