Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Штип, денеска со Основниот суд во Штип поднесе предлози за издавање казнени налози против шест лица.

На лицата им се става на товар дека не ги почитувале мерките за забрана за движење. Во време на полициски час, две лица без дозвола се движеле низ Пробиштип, едно лице за време на забраната за движење било надвор од својот дома во Штип, додека тројцата скопјани биле забележани со патничко моторно возило на магистралниот пат Штип-Велес во непсоредна близина на “Три чешми”.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here