Важите за еден од најуникатните стилисти во Штип. Како ја стартувавте вашата приказна, кој беше главниот поттик? Од каде го наследивте талентот?

Талентот го имам уште од мојата рана возраст, како дете сум сакал да бидам фризер. Гостите во нашиот дом ги пречекував со фризура и шминка 🙂
Тогаш се шегувавме дека еден ден ќе ги пречекам во мојот втор дом – мое фризерско студио (Diamond), и, да, денес на среќа оваа идеја од сон прерасна во јаве.

Дали се сеќаваш на твоите први „клиенти“, какви беа нивните првични реакции?

Изненадени, веруваа во мене со доза на “резерва”!
Кога ќе се вратам на почетоците, би кажал дека момчињата доминираа. Сепак, со тек на време преку нив ги придобив и девојките, за мене особена чест и задоволство. Довербата денес е тешко некој да ти ја довери, а кога веќе ќе ти ја доверат, треба да се оправда во целост.

За оваа професија, иновнативноста е несомнено од големо значење, кој е изворот од кој ја црпите инспирацијата и мотивацијата?

Главниот поттик е желбата да ги разубавувам жените, сакам дружење со убави луѓе, ми причинуваат голема инспирација.

Дали сте редовни во следење на модните трендови, колку често посетувате саеми и обуки во земјава и надвор од нашите граници?

Нашето фризерско студио соработува со повеќе компании, на овој начин сме блиску до набавка на сите нови и модерни препарати кои овозможуваат дополнителна нега и убавина. Следејќи го модниот тренд, ги заджруваме постојаните клиенти, а од ден на ден, придобиваме нови, задоволни, среќни и насмеани.

Кое животно мото ве води низ животот?
Грижата за убавината треба да почнува од вашето срце и душа, во спротивно никаква шминка нема да ви биде од корист.
Модата поминува, стилот е вечен.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here