Одлична идеја, супер игралиште и мега заработка која најверојатно припадна во длабокиот џеб на надлежните во Штип.
Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, пред штипската јавност потенцираше дека ова игралиште ја чинело Општината 400.000 денари, а реквизитите на површината биле донација!
Оваа изјава предизвика недоумица кај граѓаните, па народот прашува за што биле наменети овие 400.000 денари и како таткото на градот како прав домаќин одговорен за секој денар ќе ги оправда и овие потрошени пари?