Полицајците и пожарникарите успеаја да го извлечат паднатото возило во реката Вардар во Скопје, во близина на пешачкиот мост кај болницата „Систина“.
Станува збор за автомобил марка „поло“ј кој утрово околу 8 часот бил забележан превртен во Вардар од страна на случаен минувач кој пријавил во полиција.
Засега нема информации како возилото завршило во реката ниту, пак дали има повредени лица.
https://www.facebook.com/watch/live/?v=241614590475137&ref=watch_permalink