Карантинските денови кај еден бенд делуваа поразлично.
Запознајте се со Саксакустикс: гитара (Никола), саксофон (Иван), вокал (Иво). Тие се активни со своите проекти и настапи на ниво на целата држава веќе подолг период. Од нив сме навикнати да очекуваме несекојдневни и специфични преработки на песни од нашето музичко поднебје.
Така и овој пат ви го претставуваме нивниот најнов проект. Преработката на БЕЛА од Ристо Самарџиев која ќе ве врати во едни убави времиња! Интересно кај нив е што во нивните видеа не се самите тие во преден план туку предност даваат на статистите и на други таленти кои се дел од проектот!
Сите девојки во видеото се пријавени на претходно објавен оглас и сами спремиле свои материјали кои се преточени во едно крајно видео кое само по себе носи заразна енергија!
Погледнете, слушнете и уверете се …