Министерството за внатрешни работи во следниот период ќе објави случаи на организиран криминал и корупција во кои се инволвирани и сегашни функционери за кои Министерството веќе има отворено истраги, објави министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев во интервју за ТВ 21.

Тој тврди дека се работи за неселективна борба против корупцијата која не била во прв план поради состојбата со пандемијата.

„Во наредниот период ќе излеземе и со пресови преку кои ќе ја информираме јавноста, а тоа не го направивме претходно, бидејќи пред се бевме сконцентрирани на здравјето на граѓаните. Но сега бидејќи политичките субјекти ќе договорат некои парламентарни избори што ќе бидат во текот на летниот период, веќе ние како МВР ќе бидеме повеќе насочени кон борбата против организираниот криминал и корупција“,

изјави Чулев во емисијата „10 минути“ на ТВ21 што ќе се емитува вечерва.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here