Фудбалските фанови ќе уживаат кога ќе продолжи шпанското првенство.

Ла Лига ќе продолжи на 11 јуни, а тоа ќе биде првиот од 32 последователни денови во кои ќе се игра фудбал на шпанските терени, откако синоќа Фудбалскиот сојуз на Шпанија одобри да се игра и во понеделник и во петок, што досега беше забрането.

На овој начин, секоја екипа ќе има најмалку 72 часа меѓу натпревари, а и носителите на ТВ-правата ќе бидат задоволни со оглед на тоа дека ќе имаат прилика да го пренесуваат речиси секој натпревар.

До крајот на првенството остануваат 11 кола, а првиот ден ќе се играат дуелите Атлетик Билбао-Атлетико Мадрид и Гранада-Хетафе.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here