Борут Штрукељ, професор по биотехнологија на универзитетот во Љубљана, со своето гостување на една ТВ емисија, ја разбрани целата јавност во својата земја.
Тој говореше за тоа кога и како може да се пронајде вакцина за Ковид-19, но не заборави да спомене дека професорите, научниците и докторите не се доволно платени.
“Сега Меси и Роналдо нека ви измислат вакцина, додека тие заработуваат најмалку по неколку милиони евра месечно, нашите примања на ниво на Европа се по 1.500. Па, ете ви ги, барајте од нив вакцина“ изнервиран истакнал Штрукељ.