Денес сме сведоци на еден бесрамен вандализам во училиште во Струга! Имено, директорката на ООУ ,,Јосип Броз Тито”- Струга, Лидија Гогоска (кадар на СДСМ, се разбира) им дала наредба на служителите да го уништат македонскиот симбол – Сонцето од Кутлеш од спортското игралиште.
Замислете, колку злоба и нечовечност треба да имате за да сторите вакво дело!, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ Струга.
– Па, да Ве запрашаме директорке, во која држава сте родена и во која држава живеете? На кое училиште сте директорка?! Каков пример сте за децата и вработените во тоа училиште?! Зарем немате срам и малку љубов кон татковината и светите бои? Зарем е поважна, во овој момент политиката и партиските инструкции, од се она што е свето за нашата Македонија? Дали ќе ја дадевте истата наредба за бришење доколку се работеше за друго знаме и симбол???, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ Струга.
– Вие сте еден голем срам за Струга и за Македонија! Ве повикавуаме, веднаш да си дадете неотповиклива оставка и партиските задачи и инструкции спроведувајте си ги дома, а не во училиште каде треба да сте пример за останатите со Вашето однесување! Но, срамот е само Ваш! Еден ден ќе жалите, ама историјата ќе ве забележи како вандал на сосптвената држава и народ! Некој за боите свети, некој за парите клети! Вие сте од тие вторите, за жал! И не заборавајте, секоја функција е минлива, секоја власт е менлива, а образот е еден и вечен! Вие денес си го извалкавте за цел живот! Ова е непростливо! На 15ти сите злодела ќе ви се удрат од глава како бумеранг! Доста е со понижување на Македонија и македонскиот народ!, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга.