Во среда, а врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести, Владата донесе одлука од 1 јули, ќе бидат отворени за сообраќај Меѓународниот аеродром Скопје и на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, соопшти Владата.

Протоколите за работа на аеродромите се изготвени, а министрите за транспорт и врски и за здравство, Горан Сугарески и Венко Филипче, денеска ќе го посетат Меѓународниот аеродром – Скопје каде ќе имаат средба со менаџментот на ТАВ Македонија.

Сугарески: Аеродромите в среда ќе почнат со работа
Основните правила за работа на двата македонски аеродрома, меѓу другото, ќе бидат задолжително носење маска, редовна дезинфекција, мерење телесна температура на секој патник, пристигнување на патниците 3 часа пред полетувањето и редуцирано користење на чекалниците.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here