Еден загинат и 16 повредени е билансот од синоќешните сообраќајни несреќи кои се случија во близина на Штип, информираше портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова.

Маж од Кочани на возраст од 42 години е загинатиот во несреќата што се случи околу 21.30 часот на патот Штип-Радовиш, кај патоказот за село Љуботен.

Во оваа несреќа во која учествувале три возила, од кои две од Кочани и едно од Радовиш, повредни се три лица. Едно од нив е со потешки повреди.

Другата сообраќајка, пак, се случи во близина на селото Лакавица на истиот регионален пат, а во едно од возилата биле превезувани мигранти. Во оваа сообраќајка повредени се 13 лица од кои 11 се од групата мигранти.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here