Вечерва, околу 19,30 часот, пред поликлиниката Чаир е физички нападнат колумнистот и аналитичар Агим Јонуз, пишува порталот на дневниот весник Вечер.

Причините за нападот, засега, не се познати.

Јонуз пишува колумни во порталот Вечер и е критички настроен кон актуеланата власт.

Според очевидците Агим Јонуз сам се одбранил од напаѓачите така што едниот е неутрализиран од негова страна, а другиот потоа избегал од местото на настанот.

Случајот не е пријавен во МВР затоа што „таквите работи се решавале според чаирски правила“ велат очевидците на настанот.

Се очекуваат повеќе детали во текот на утрешниот ден лично од Агим Јонуз.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here