Дарко Јовчевски од Скопје кој работи и живее на Малта, на својот Фејсбук профил објави сметка за вода и струја која тој ја добил за повеќе од 2 и пол месеци на оваа островска земја.

Верувале или не, сумата на сметката изнесува само 26 евра, или нешто над 1.500 денари за потрошувачка на електрична енергија и вода во временски период од 2 и пол месеци.

“Во Малта 26 € сметка за повеќе од два и пол месеци и тоа за вода и струја. За стан во кој живееме двајца.

Наздравје нека ни е денешното поскапување на струјата во Македонија.

И пази сега, Малта скоро целата струја ја увезува од Италија, и скоро целата вода ја преработува од морската и ја прави од солена во слатка. А Македонија во голем процент сама произведува струја и на секој чекор имаш извори со вода.

А јас како и цимерот редовно се тушираме (значи трошиме вода). Бојлерот е постојано вклучен, а веќе од мај и климата. Машината за перење скоро секој ден ја вклучуваме.

Па, вака да се понашам у Македонија ни 100% поврат на ДДВ нема да ме опраи”, напиша Дарко.

Извор/Маркукуле.мк

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here