46 годишен штипјанец што бил излекуван од коронавирус повторно е позитивен. Тој сега во моментот се наоѓа на Инфективното одделение во Штип.

Според директорот на штипската Клиничка болница, првиот пат вирусот му бил потврден пред повеќе од месец и половина, вториот пат неделава.
Епидемилолзите се уште утврдуваат дали штипјанецот повторно бил заразен од вирусот или се работи за продолжена инфекција.

Вкупно на Инфективно се лекуваат 45 пациенти од кои 34 се со потврден коронавирус, останатите се сомнителни со симптоми. Најголем дел се од Штип иако има и од останатите градови од Истокот каде има случаи на Ковид 19.
Штипската болница набави и нов современ респиратор со сопствени средства. Сега располага со вкупно 5 респиратори што ќе бидат ставени во функција ако има потреба и за најтешки случаи со корона вирус.

Течат и постапките за поставување на монтажната болница. Се чека да завршат пресметките на штипските јавни претпријатија и да се добијат конкретни насоки од Министерството за здравство.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here