Вчера околу 18 часот, на автопатот Штип – Свети Николе, поточно кај селото Кривидол, полициски службеници забележале товарно возило „мерцедес вито“, со пробни регистарски ознаки, по што тоа застанало на автопат, а возачот и совозачот се дале во бегство.

При проверка на возилото биле пронајдени 25 мигранти и тоа 19 од Пакистан, пет од Авганистан и еден од Индија, кои биле предадени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот, соопшти полицијата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here