Фудбалскиот второлигаш Брегалница обави дека добила 500 столчиња кои се дел од првата фаза од реконструкцијата на трибините на Градскиот стадион во Штип.

Благодарност до Општинскиот фудбалски сојуз и Фудбалската федерација на Македонија за донацијата со која стадионот ќе добие нов лик, а сите наши навивачи и љубители на фудбалот ќе имаат далеку подобри услови за следење на натпреварите на клубот. Во иднина секако продолжуваат и дополнителните активности за доизградба на Градскиот стадион во Штип – вели извршниот директор на Брегалница, Емил Тодев.

Брегалница предводена од Добринко Илиевски се подготвува за стартот на новата сезона. Во првото коло во сабота, Брегалница и гостува на Саса во Македонска каменица.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here