Асоцијацијата на текстилните работници соопшти дека црното сценарио за оваа гранка кое го прогнозирале претходно, почна да се остварува, бидејќи во Штип веќе една конфекциска фабрика е затворена, а во уште неколку други почнат процесот на намалување на бројот на работници. Претставникот на штипските конфекционери Кирил Нашков вели дека сега најголемиот проблем е тоа што се соочуваат со намалени нарачки.

-Помошта од државата заврши и роковите завршија, кога фирмите до крајот на август мораа да ги држат вработените, бидејќи земале субвенции од државата. Сега доаѓаме до една лоша позиција, каде се нема поддршка и понатамошно држење на вработените, а од друга страна нарачките се намалуваат или тотално откажуваат и нема нови партнери или нема нови пазари. Слушаме дека фирмите веќе почнуваат да отпуштаат работници, вели Нашков.

Тој очекува овој сектор да се соочи со уште поголем проблем, бидејќи веќе се зборува дека бројот на конфекциските работници ќе се намали од 20, 30, па дури и 50 отсто.

-Ако има нови мерки кои ќе помогнат на фирмите, односно ако има помош од државата, можно е голем број од работните места да се задржат. Нема многу простор текстилната индустрија да се прилагоди на пандемијата, на почетокот работевме медицински артикли кои се бараа, но тоа сега веќе го нема и не гледам друг начин на кој би се адаптирале на таа состојба, потенцира Нашков.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here