За седум месеци, колку што трае ковид кризата, бројката на невработени кои се евидентирани се зголемила за 45.543 лица, бидејќи на крајот на февруари таа изнесувала 105.816 лица, јавува Фактор.
На крајот на септември, таа бројка изнесувала 151.359 лица што е за 6.600 повеќе во однос на крајот на август.
Од март од кога започна пандемијата во земјава, па се до крајот на септември, откази добиле вкупно 14.818 лица, а само минатиот месец отпуштени од работа биле 2.239 лица.