Триото „Кирилик“ ќе одекне во Охрид од црквата Св. Софија, а охриѓани и туристите ќе можат да уживаат во интерпретација на познати арии.
Марија Докузова, Даница Станојоска и Деспина Филова ги покануваат симпатизерите на музиката да се придружат на ова медитативно патување низ чувствата на најголемите композитори што некогаш живееле и твореле.
Досега трио „Кирилик“ имаат настапувано во чешкиот град Брно, Братислава во Словачка и Арензбург во Германија. На концертите надвор од Македонија овие дами се претставија пред публиката со македонски соло песни и арии од Прокопиев, Зографски, Цанев, Скаловски и Голубовски.
Веќе утре, на 8-ми октомври „Кирил“ ќе настапат во Охрид, а на 12-ти октомври во Велес. На овие концерти ќе бидат изведени дела од најголемите композитори од светот на операта. По завршување на овие два концерти им претстои уште еден концерт оваа есен во Истанбул, Турција, со кој ќе ја затворат оваа успешна година за нив.
Состав: Марија Докузова,
Даница Станојоска и Деспина Филова
Каде: Црква св. Софија, Охрид
Кога: 08.10.2021 со почеток во 19:00ч
Влез слободен