Селекторот Игор Ангеловски го одреди стартниот состав за натпреварот против екипата на Летонија (20.45 часот), прв за нашиот национален тим од квалификациите за Европското првенство во 2020 година.

Македонија ќе игра во формација 4-4-2 и на теренот ќе изгледа офанзивно.

Меѓу стативите е Столе Димитриевски, одбранбената четворка ја сочинуваат Стефан Ристовски, Дарко Велковски, Висар Муслиу и Езџан Алиоски, во средниот ред се Бобан Николов и Енис Барди, како крила играат Александар Трајковски и Ферхан Хасани, додека во нападот се Горан Пандев како втор напаѓач и најистурен е Илија Несторовски.

МАКЕДОНИЈА (4-4-2): Димитриевски; Ристовски, Велковски, Муслиу, Алиоски; Николов, Барди, Трајковски, Хасани; Пандев, Несторовски

КЛУПА: Дејан Илиев, Дамјан Шишковски, Егзон Бејтулаи, Кире Ристевски, Кристијан Тошевски, Ѓоко Зајков, Елиф Елмас, Кире Маркоски, Дарко Чурлинов, Крсте Велкоски.

Селекторот на Летонија, Славиша Стојановиќ, се одлучи за следниве единаесетмина:

ЛЕТОНИЈА (4-4-2): Ванинс; Габовс, Дубра, Ошс, Максименко; Тарасовс, Исајевс, Циганикс, Ракелс; Шабала, Карашаускс

КЛУПА: Икстенс, Штеинборс, Куракинс, Ругинс, Лаизанс, Икауниекс, Жулевс, Савалникс, Јагодинскис, Улдрикис, Черномордијс, Тоберс

Дуелот меѓу Македонија и Летонија е втор во историјата. Претходниот меч одигран во 2014 година во Скопје заврши со триумф на нашиот национален тим (2-1).

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here