Напаѓачи на мотоцикл фрлија експлозивна направа, најверојатно рачна граната, на рускиот конзулат во Атина денес рано наутро, соопшти грчката полиција.
„Тоа веројатно беше рачна граната. Никој не е повреден“, изјави полициски офицер за Ројтерс.
Никој не ја презема одговорноста за нападот врз рускиот конзулат во атинското предградие Физику.
Помалите напади врз компании, полицијата, политичарите и амбасадите се чести во Грција која има долга историја на политичко насилство, Левичарските урбани герилски групи обично ја преземаат одговорноста за таквите напади.