Филип Мајсторски уште познат како Avensis, е новото амбициозно име на музичката сцена кое најавува луди ноќи, незаборавни моменти и бум диџејски сетови.
Филип е од Виница и има 19 години, главниот поттик и мотивација која го “бранува” низ музичките води е добро познатoт Мartin Garrix.
Avensis својот правец го насочува кон “EDM”, а токму во жанрот на оваа музика ја претстави својата прва промо песна во категорија на “Future bass”.
Станува збор за музичкиот сингл Love Drunk, чија главна вокална интепретација е дело на Андреа Јованова, а продукцијата на Avensis.
Амбициозноста, храброста, талентот и знаењето се одлика на успешните, Филип, стискаме палци за среќа и уште бројни музички креации 🙂
Почитувани читатели, тимот на Aperkat.mk ви го претставува новото музичко творештво на Avensis, уживајте!