Полицијата трага по 14-годишно девојче од Куманово, и 15-годишно момче од Велес кои биле во љубовна врска, и побегнале од дома, пренесе МИА потпирајќи се на извори од МВР.
Во саботата вечерта во 22:00 часот 44-годишниот Р.Х. во ПС во Куманово пријавил дека неговата 14-годишна ќерка се оддалечила од домот, а истиот ден околу 21:30 часот во ПС во Велес, 40-годишниот Т.Ј. пријавил дека од домот се оддалечил неговиот 15-годишен син. Девојчето неколку пати претходно доаѓало кај нив.
Двете деца му кажале на таткото на момчето, дека сакаат да живеат заедно, пренесува МИА.
Откако им соопштил дека ќе ги пријави во полиција затоа што се малолетници, тие се оддалечиле од домот, информирал портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
МВР превзема мерки за пронаоѓање на децата.