Советникот на ДУИ во општина Охрид, Нефи Усеини, денеска физички го нападнал сограѓанинот С.Т. во еден познат хотел во Охрид.

Според МВР, настанот се случил денеска во 11:35 часот.

„На 18.08.2020 година, во 11.35 часот, во СВР-Охрид, С.Т.(41) од Охрид пријави дека пред угостителски објект, бил физички нападнат од Н.У. (45) од Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот“,

се вели во полицискиот билтен.
Нападниот, Спире Топалоски, во изјава за А1он вели дека Усеини прво го повикал во хотелот, па по кратка вербална расправија, го удирал со пиштол по глава заедно со други лица.

Топалоски за „А1он“ вели дека случајот ќе го тера до крај, бидејќи меѓу другото, Усеини замавнувал со пишол пред неговиот 14-годишен син, кој според кажувањата, бил
сведок на инцидентот.

За овој инцидент, денеска за коментар беше запрашан и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, бидејќи Усеини е советник во охридската општина како нивни член, но Ахмети рече дека вакви прашања треба да се разгледаат во полицијата и обвинителството.

Усеини на македонската јавност во изминативе неколку години ѝ стана познат по тоа што беше прозиван за дивоградбите во Охрид.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here