Димитар Апасиев можеби во послено време не е активен низ националните медиуми, причината не е позната, но може да се претпостави, изложен на бојкот од оние на кој не им одговара.
Сепак, благодарение на социјалните мрежи, Димитар Апасиев продолжува да ја “просветлува” јавноста!
Денес, Апасиев на својата Фејсбук страна даде кратка илустрација и метафора на релација Пендаровски и народот, еве што вели:
Коа ги гледам бедниве флоскули за ЕУ/НАТО искажани од кандидатов со југово, ме потсетќа на една анегдота од еден антички автор… Приказната за човекот кој изел пар чевли! Запрашан како му се допаднале, тој одговорил дека делот кој најмногу го сакал биле дупките!
Така и Стево сиромашкиот. Кога го гледам на спотовиве како го лаже народот со празни ветувања, у лицето на луѓето се гледа дека најомилен дел од неговите фарисејски говори им се дупките.