Титулата што ја освои на мастерсот во Индијан Велс, на Австриецот Доминик Тим му го донесе најдобриот пласман во кариерата на АТП листата, на која 243 недела, во својот четврти мандат ја започна Новак Ѓоковиќ.

Најголем пад меѓу Топ 10 играчите забележа Хуан Мартин дел Потро кој поради повреда не ја бранеше титулата во Индијан Велс. Џоковиќ на врвот има 10.990 поени, односно 2.265 поени повеќе од Рафа Надал, кој поради повреда му го предаде полу-финалето во Индијан Велс на Роџер Федерар, а најави дека нема да настапи на мастерсот во Мајами.

Трет на листата е Германецот Александар Зверев со 6.630 поени. Федерер иако го доби финалето, сепак и натаму се наоѓа на петтото место.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here