Бојан Јовановски алијас „Боки 13“ е осуден на 9 години затвор, додека поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева доби 7 години затвор. Откако беше прочитана пресудата, а на Јовановски му беше дозволено да се произнесе по однос на побарана мерка притвор од страна на Вилма Русковска, наместо за притворот, Боки 13 проговори каде завршија парите од рекетот. Тој истакна дека пресудата за него е политичка, а посочи дека парите од рекетот се кај Зоран и Вице Заеви.
-Јас овој ден ќе го прогласам како ден на политичката кампања во Република Македонија, донесовте политичка пресуда. Парите рекетирани во оваа Македонија барaјте ги кај Зоран и Вице Заеви, а не кај Бојан Јовановски, вели Боки 13.
Кога се споменаа имињата на екс премиерот и неговиот брат, судијката побара да интервенира полицијата и не му дозволи на Јовановски да продолжи да говори каде завршија милионите рекет.