Тимот на Аперкат.мк деновиве престојува во Охрид, Балканскиот Ерусалим.
Стотици гости го окупираа градот кој поседува повеќе од 365 цркви, фасцинирани од езерото, природата и духовноста, туристите постојано чекорат со насмевка и ги разгледуваат даровите од Бог.
Овие денови, особено внимание привлече група на млади музичари, кои во еден глас ги пееја најголемите македонски хитови, сплотени на сред плоштад со една и единствена цел, преку музика да ги соберат потребните средства за Мартин.
Со ваква младина, хуманоста и иднината е во сигурни раце, гест преку кој сме сигурни дека ќе го стоплат и “најтврдото” срце.
Главното мото гласи: “Со срце за Мартин”, ве повикуваме заеднички да учествуваме во оваа хумана мисија!