Во претпладневните часови на 21 јуни во близина на бензинска пумпа на магистралниот пат Овче Поле-Велес, кај место викано Делисиска пруга полициски службеници привеле 26-годишник од Скопје кој управувал автомобил „порше каен“ со скопски регистарски ознаки, во коj превезувал 12 мигранти од Бангладеш.
По ова мигрантите биле сместени во прифатниот центар „Винојуг“ за понатамошна постапка.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полициската станица Свети Николе, а по целосно документирање на случајот, против скопјанецот ќе биде поднесен соодветен поднесок.