Надалеку познатата „Кумановска позната и под името „Вруќа бања“ со години пропаѓа. Она што природата ни го подарила како подарок за нашиот напатен народ, ние не можеме да го заштитиме и ползуваме. Имаме геотермална вода со лековити својства, што сите ја ценат и за која доаѓаат, а не умееме да ја менаџираме и користиме за доброто на народот.
Она што во времето на поранешна Југославија беше изградено како целосно осмислен комплекс, со бања со базен со термална вода, со рекреативен парк и сместувачки капацитети во хотел „Ку-Ба“ и во блиското село Проевце, денес е оставено на забот на времето и на крадците кои однесоа сѐ што можеше да се извади. Значи она што го имавме го изгубивме и никаде нема никаква одговорност.
А вода каква само да посакаш. Лековита за нервен систем и за сисетем за варење, за гастрит, чир на дванаесетпалачно црево, за хепатит, полесни форми на шеќерна болест, за мочен меур, бубрези, несоница, психички и нервни исцрпености, гинеколошки проблеми, егземи и разни дерматити. Дури е докажано и дека го подмладува, обновува и ревитализира ткивото.
Она што за Франција е бањата „Виши“, за Чешка „Вилдунген“ и „Маријанске Лазне“, за Србија „Врњачка“ и „Буковичка бања“, за нас е нашата „Кумановска бања“. Па дури и уште подобра, без нивните недостатоци.
И додека странците на големо го развиваат бањскиот туризам и покрај него си го развиваат економијата во целина, ние самите си ги закопуваме нашите природни богатства. Она што го имаме не го цениме, а за посета на некој СПА-центар во странство суво богатство даваме.
Граѓанско Демократска Унија не може а да не го постави прашањето на надлежните Органи- Зарем нема добар инвеститор во Куманово или надвор од него, па не може да го заживее повторно овој бањски бисер? Зарем толку немаме финансиски средства, па да не можеме да инвестираме во ова скромна инвестиција која многукратно ќе ни се врати? Или се нема чувство за бизнис-единствено вработување во државна администрација е приходно оправдано?
Кој беше инвеститорот што ја профункционира бањата во 2016 година, иако БИСЕРКА е уште во стечајна постапка? Што се случи, зошто веќе не функционира?
Дајте ни одговори, но и дајте заштитете го малку природното богатство на Куманово. Во време кога сите сме под постојан стрес од сите страни, една ваква лековита вода добро би ни дошла. Само што тоа бара интервенција на државните институции. Па да ги засукаме ракавите!