Почитувани сограѓани,
Дали Општина Штип е жртва на корупцијата и тендерската мафија?
Освен информациите за злоупотреби на автопатот Штип-Миладиновци, совесни граѓани ни поставија и прашања, како е возможно кружниот тек на „дујлето” да чини 3.000 000 денари или близу 50.000 евра и да се изгради за рекордни 15-20 дена, а кружниот тек кај училиштето „Коле Нехтенин“- ЕМУЦ, кој се градеше со месеци, да чини блиску 9.000 000 денари или 150.000 евра, а се очекува и анекс кон договорот и покачување на цената уште со 20-30 000 евра?
Разликата во цените е 3 наспроти 1 иако реално „Дујле“ е поголем проект како површина?!
Во духот на вистината и транспарентноста сме должни да поставиме неколку прашања на локалната самоуправа и градоначалникот Бочварски, кои се од интерес на секој граѓанин на Штип:
1. Дали е точно дека едниот кружен тек чини 150.000 евра а другиот 50.000 и ако е точно, зошто е тоа така?
2. Дали има злоупотреби во тендерите и цените и ако е така ќе сноси ли некој одговорност?
Со огромен интерес ги очекуваме одговорите на овие прашања, бидејќи станува збор за средства собрани од даноци и други давачки од нас штипјани.
Се надевам дека овие информации не се точни и штипјани не се жртва на тендерската мафија а градоначалникот Бочварски ќе ја обелодени вистината и ќе ги демантира евентуалните „шпекулации” кои сите не загрижуваат.