Со новата одлука која ќе важи до 2023 година, ќе биде променето ограничувањето во бројот на лица кои ќе може да престојуваат односно во Германија ќе може да дојдат до 25 илјади работници.
„Франкфуртер алгемајне цајтунг“ објави дека земјата ги продолжи олеснувањата кога станува збор за правилата за влез во Германија за граѓаните од земјите од Западен Балкан.
Како што се наведува „правилото за Западен Балкан“ е продолжено до 2023, па граѓаните на Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Косово ќе може да дојдат во Германија независни од стручната подготовка, пишува „Дојче Веле“.
Ова правило е донесено во 2016 година, и истото беше со важност до декември годинава, но со новата одлука ќе важи до 2023 година, но ќе биде променето ограничувањето во бројот и со новите измени во Германија ќе може да дојдат до 25 илјади работници.
Минатата година германската амбасада врз основ на ова правило издаде 27 илјади работни визи.