По повеќе од 15 години престој во Италија, Горан Пандев од изминатиот ден и официјално стана државјанин на оваа земја.
Струмичанецот го почна својот престој во Италија во 2002 година по заминувањето во Специја, а и денеска е дел од италијанскиот фудбал, како активен член на екипата на Џенова.

Во иднина тој во Серија А ќе настапува како домашен фудбалер.
Од Македонија многумина заминаа заради пари, а еден од нив е и Горан Пандев.

Нема што да му замреиме, кога државата не знае да обезбеди иднина за својот народ, тогаш секој човек сам ќе се бори за свое подобро утро.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here