Бројни граѓани и пациенти реагираат на слабата организираност во Здравството на Македонија.
Ако коментарите од граѓаните беа земани со резерва, сега се’ повеќе здравствени работници се јавуваат со коментари и негодувања кои укажуваат на слабата функционалност и потфрленост која се повеќе се забележува низ болниците во земјава.

Со свој статус на Фејсбук се јави и д-р Боби Трајковски, еве што тој  му порача на министерот за Здравство Венко Филипче:

“Почитуван колега и Министер Венко. Четири дена чекавме резултати за лежечки пациент на интерно одделение, за сега во овие касни сати да разберам дека е позитивен за КОВИД-19??? Нема да се помирам и да ја прифатам оваа лакрдија.

Слободно казнувајте ме колку сакате, но неспособните да ги смените веднаш. Таков гнев и револт чувтвувам што не се опишува. Не ме исполнуваат аплаузи и немам потреба да си го хранам егото, барав да се водиме според правилата и да се заштитиме во секој поглед. Цел месец укажував дека не сме на ниво и еве дојде до тоа од коешто се плашев. Потфрливме и за ова барам да се одговара”.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here