Дивоградбата, летната тераса кај Чинарот во заштитената зона на стариот дел на Охрид, од вчера стана пицерија „Луна” во сопственост на општинскиот советник од ДУИ Нефи Усеини.

Објектот е дивоградба, изграден е на државно земјиште без дозвола, има решение за уривање, но… Од март, кога почна поставувањето на оваа летна тераса, довршувањето на овој објект никој не го спречи. Има решенија, има записници, градоначалникот Константин Герогиевски вели дека знае дека е дивоградба, ама немаат фирма што би уривала вакви објекти. Пицеријата почна да работи. УНЕСКО даде рок до февруари да се спроведат сите нивни препораки за заштита на културното и природно наследство на Охрид.

Советникот Усеини гради и бетонска база на брегот на Охридското Езеро, на стариот пат Охрид-Струга. Без дозвола. И без никаква интервенција на надлежните органи.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here