Откако беа потврдени 5 заболени, денес има нови 4 позитивни случаеви на КОВИД-19!
Штипјани го насетија стравот уште на самиот старт од оваа пандемија, но надлежните и газдите желни за пари ја игнорираа опасноста.
Граѓаните повикуваат на одговорност, но надлежните и понатаму си ја префрлаат топката и велат дека се е под контрола. Во ваква ситуација нормално е граѓаните да не веруваат, затоа што и пред неколку месеци се велеше дека се е во ред, но резултатот го гледаме денес.
Дали желбата и цената за избори ќе биде платена со живот на обичниот работник останува да видиме во период кој следува!