Утрово во 05 часот, заврши 80-часовниот полициски час воведен во Скопје, Куманово, Липково, Штип, и во Тетово и неколку тетовски општини.
Заврши и полицискиот час воведен во другите општини, кој во текот на викендов беше од 16 до 05 часот.
Комисијата за заразни болести денеска ќе одлучува дали ќе има нов, и ако има, колку ќе трае истиот.
Министерот Филипче во петокот на прес-конференција најави дека најверојатно ќе нема рестрикции во однос на движењето, но со оглед дека и во саботата и во неделата бројката на заболени надминуваше 100 случаи, тогаш не е чудно и да биде донесен некаква рестрикција, поблага од онаа која беше за време на викендот.
Се очекува денеска и прес-конференција на министерот Филипче за да соопшти за одлуките на Комисијата, како и за најновата ситуација со коронавирусот. Тој минатата недела истакна дека очекува драстично намалување на бројот на заболени кон крајот на неделава, со оглед дека најновите случаи главно доаѓаат од 15 фамилии, и дека вирусот се шири тесно во овие кластери.