Дали ни претстои нова „Голема Депресија„?
1929. Се случи најголемата економска депресија во современата историја. Банките пропаѓаа, невработеноста се зголемуваше, и дојде до намалување на целокупниот светски БДП над 15%.
За споредба Големата рецесија или финансиска криза од 2007 г. предизвика намалување на целокупниот светски БДП за само 1%.
Овој вирус е одличен изговор за владите, бизнисите и одредени индивиуалци за да можат да се “отарасат од сета вина’ дека и тие се подеднакво виновни за оваа економска криза. Тие се согласија ‘да се гушнат’ и да се тешат во зборовите дека ова е настан кој што се случува еднаш во 100 години за којшто тие не можеа да го предвидат, и затоа тоа не е нивна вина.
Не дозволувајте да бидете излажани околу две работи. Мерките коишто ги спроведоа сите влади во светот за да ги заштитат граѓаните ќе предизвика економска рецесија, НО оваа економска рецесија нема да биде како резултат на овие мерки и акции кои се спроведуваат во последниот период, таа се очекуваше и се гледаше дека доаѓа . Најлошо од сето тоа е фактот што владите низ целиот свет не се фокусираат исклучиво кон решавање на проблемот бидејки тие треба да создадат рамнотежа во нивниот одговор кон економијата и нивниот одговор кон јавното здравје.
Скоро сите финански проблеми коишто настануваат имаат ‘заеднички содржател’ а тоа е ДОЛГ. Владите низ светот превземаат секојдневно повеќе и повеќе долгови, за да може нели буџетот да биде во одлична кондиција или во превод во името на просперитет на својата економија за одреден краток период, надевајќи се дека долгорочно нивниот економски раст ќе го надмине долгот кој што ќе треба да го отплаќаат.
Но,таков раст кој што се заснова на долгови наместо фундаментален раст на економијата претставува проблем низ целиот свет и можеби станува многу тешко за да можеме да се справиме со него моментално.
Станува евидентно дека ова ќе биде најагресивниот економски пад во поновата историја. Се соочуваме со внатрешен шок кој што е многу сериозен, со последици во стапката на вработеност и бизнисите во понапредните и поразвиените економии во светот, но тоа не треба да ни го одземе вниманието од најголемиот проблем.
Економската криза во 2008 беше криза каде што луѓето позајмуваа пари многу повеќе во споредба со она што можеа да си го дозволат, a тоа започна од банките кои што влегуваа во проблеми со ликвидноста. Оваа криза денес е криза каде што бизнисите и одредени личности позајмуваат пари многу повеќе отколку што тие реално можат да си дозволат и сето ова ќе започне преку овој невидлив непријател.
Луѓето не можат да престанат да работат бидејќи им треба пари за да ја платат својата кирија, сопствениците не можат без кирија бидејќи и тие нема да можат да ги исплатат своите трошоци за тој месец( станбените заеми ), а банките не можат да си дозволат да го паузираат исплаќањето на станбените заеми бидејќи ќе влезат во сличните проблеми со својата ликвидност кои беа присутни во 2008. Истиот случај е и со бизнисите, тие не можат да затворат бидејќи нема да можат да си покријат своите трошоци. Навистина не постои никаква
флексибилност во овој синџир, како резултат на нивото на долг кои постои во системот, секој должи на некого и никој не може да престане да го собира поради овие причини.
Самите влади се обидуваат да го ублажат овој проблем преку низа нa oгромни фискални политики. Преку оваа огромна навала на голема количина на пари, се надеваат дека луѓето ќе продолжат да го одржуваат протокот на пари кој е потребен за да останат функционална врска во овој синџир на долгови. На макроекономско ниво ова можеби и не е она магично решение.
Money printers go BRRRR…
Но, зошто тогаш да не се печатат пари, па финанските институции би изградиле многу поголема ликвидност за побрзо време и со тоа нивно новосоздадено богатство, ќе можат да даваат одредени заеми на Владата и на нивните чести позајмувачи кое ќе му овозможи на системот да продолжи да си тече без никаков проблем . Но секогаш постои некој којшто ќе плаќа за ова.. Кој ќе ја покрие оваа дупка?
Во овој случај тоа ќе бидат заштедите. Ги знаете оние луѓе кои се одговорни кои имаат солидна сума на пари, каде што овие пари би и биле еден вид заштита за слична ситуација како оваа. Со големата сума на пари која што ќе биде претставена во самата економија, тие заштеди ќе бидат подложни на поголеми стапки на инфлација, којшто ќе јаде од нивниот ефективен принцип на заштеда, значи иако нема директен недостаток од парични средства во нивниот паричник сепак индиректно тие ќе бидат оние кои ќе ја финансираат оваа вежба.
За жал, многу од она што во иднина ни престои се шпекулации во овој момент. Но она што може со сигурност да се каже е дека ова ќе биде економски пад од самата наша креација, не можеме ние да си ги измиеме рацете од сета оваа невоља и да кажеме дека главниот виновник се фактори кои се надвор од нашата контрола кога вистината е дека луѓето станаа премногу алчни, се поставија во ситуации каде што многу лесно се губи контролата во ситуација каква што е оваа.
Автор: Петар Златков