Пред точно една година во малото место Нивици на грчката страна на Преспанското Езеро, шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, го потпишаа документот со кој се стави крај на 27 годишниот спор околу името меѓу Скопје и Атина. Што доби а што изгуби државата со него. За премиерот Зоран Заев потпишувањето на договорт се покажало како исправен потег, земјата е пред полноправно членсртво во НАТО а наскоро ќе добиеме и датум за почеток на преговорите со ЕУ.
„Не дека со Грција имавме некои сериозни непријателства, но навистина беше чувството лошо, горко, кога бевме застанати во нашите интегративни процеси. Еве после една година првите придобивки ги гледаме како импликации на оваа вежба, во нашата подготовка, заради после неколкумесечното целосно членство во НАТО. Тоа е голема стратешка цел на нашата земја, на целиот овој регион, на Република Северна Македонија која што не пред векови, туку пред 17-18 години имаше конфликти. Тоа значи траен мир, стабилност, безбедност и сигурност. “ – изјави Заев.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека и по една година од договорот, Македонија во Преспа потпишала капитулација. Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини денеска уште еднаш ги повика земјите членки на Унијата да ги отворат преговорите за членство со Северна Македонија што е можно побзо а истот претходно го направи и еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.
„Времето не е релевантно за овој процес. Имаме политички календар според кој се раководиме. Политиката бара време. Се надевам дека земјите членки знаат колкав е влогот со ваквата одлука и се надевам дека ќе донесат мудра одлука и ќе одобрат почеток на преговорите.“ – изјави Могерини.
Согласно договорот од Преспа, државата се преименува во Република Северна Македонија, државјанството остана македонско/државјанин на Република Северна Македонија, а јазикот македонски. Во земјава се спроведоа уставни измени, со контраверзни политички пазарења и со амнестија за 27 април, а согласно Договорот, Грција прва го ратификува Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Договорот ципрас најверојатно ќе го плати со губење на власта, а Зоран Заев се обидува да гио зачува позитивниот наратив за евро интеграциите со извеснот членство во НАТО наспроти неизвесниот старт на преговорите.