Коранавирусот ги одложи Летните Олимписки Игри во Токио за идната година од 23 јули. Најголеми шанси од македонските спортисти да обезбеди виза за Токио има „златното момче“ од Штип, Емил Павлов. Тој моментно се наоѓа на петтото место на светската ранг листа. Павлов има три шанси да дојде до Олимписките игри во Токио во 2021 година.

Од секоја категорија во Токио ќе учествуваат по десет натпреварувачи. Идната година, пред Олимписките игри во Токио, ќе се организираат квалификациони турнири кои водат на Летните Олимписки Игри. Првиот турнир е Премиер лигата во Рабат, па следат сениорското првенство во Гетеборг и квалификациониот турнир кој требаше ќе се одржи во Париз, но идната година веројатно ќе биде закажан во друг град.

На Олимписките игри ќе учествуваат тројцата најдобри од квалификационите турнири и четворица кои обезбедиле олимписка норма на светската ранг листа. Претставникот на домаќинот ќе има учесник во Токио и два каратисти со „вајлд карти“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here