Кој тоа си подигрува со образованието на децата? Такви примери последните година време се изнаслушавме доста, а последен во низата е случајот со ПУ Страшо Пинџур во населбата Стар Караорман. Имено, таму родителите на учениците од III одделение (од Септември ке бидат IV) ни јавуваат за проблеми со наставниот кадар а уште не е започната учебната година!

Интересно е што ова подрачно училиште е приказна сама по себе. Населбата се наоѓа во географските и административни граници на Општина Штип, а училиштето е под раководство на ЦОУ Страшо Пинџур од Општина Карбинци. До неодамна ова училиште беше во делумно руинирана состојба, недолично за образованието во денешни услови. Како поука од невниманието на надлежните и разочарувањето од квалитето на образование кој децата тука го добиваа, родителите после завршувањето на V одделение своите деца ги запишуваа во ОУ Тошо Арсов.

Секако има негодување од Општина Карбинци за овој феномен, но времето и условите го направија своето кај родителите! Но работите во овој поглед се сменија драстично со назначувањето на новиот директор на ЦОУ Страшо Пинџур ово Општина Карбинци. Голем дел од училиштето е реновирано, и веќе наликува на установа за која и е наменето. Но духот на зградата уште не е достапен. Образовниот дух.

Тука родителите го посочија наставниот кадар кој работи во ова училиште. Наставничката која го водеше ова одделение на почетокот на пандемијата замина во пензија. Таа иста наставничка ги водеше и некои од родителите на овие деца!

Времињата се сменети од тогаш до денес, сменети се наставните програми, наставните принципи исто. Тоа го знаеа родителите но оставија досегашната наставничка да го преземе овој клас, знаејки дека е пред пензија и нечовечки е да се остави без работа. Но, една година стана втора година, стана и трета. Изгубеното во наставниот процес веке е неповратно. Родителите се согласни дека нивото на образование понудено кај нивните деца не е доволно. Но, после дождот сонце доага.

Децата добија нова наставничка која го водеше во време на пандемијата, и покажа дека децата можат да дадат повеке знаење. Им го врати духот на ученици. И навиките да го совладуваат материјалот кој таа им го сервираше. Работеше со нив квалитетно, професинално и со љубов спрема децата и работата.

Вистински професиналец кој очигледно работеше до максимум за својата плата. Децата доста брзо ја засакаа и и го предадоа целото свое внимание. Ефектите од работата ја увидоа и родителите, затоа со писмено барање се обратиле до директорот на ЦОУ во Општина Карбинци да и во новата учебна 2020-2021 им биде доделена оваа наставничка на нивните деца, со надеж дека барем ке се ‘‘потковаат‘‘ со дел од изгубеното знаење и етика од претходните 3 години. Откако не добиле одговор во законскиот рок од 15дена после поднесување официјално барање, родителите побарале и оствариле средба со градоначалникот на Општина Карбинци.

Тој ги примил претставниците на родителите и ги ислушал, а средбата ја завршиле со ветување од градоначалникот дека ке организира нова средба со директорот,родителите и градоначалникот. Средбата уште не е реализирана. А кај родителите веке е повеке од јасно дека сите гласини дека наставничката која нивните деца ја сакаа нема да им биде доделена, туку ке добијат друга наставничка, секако по партиска линија на која и одговара локацијата на ова ПУ.

Имено, директорот на ЦОУ планирал да ја прати споменатата наставничка во руралните населени места во Плачковичките села. Дали е реално и професионално децата упорно бидат запоставени во образовниот процес, професиноалните наставници да се одземат и бидат прераспределени во средини каде учениците тешко и Македонскиот јазик го владеат? А тука? Е тука останува онаа народната ‘‘Дај шта даш‘‘.

Родителите се прашуваат дали треба да бидат реприза на ОУ Тошо Арсов и со бојкот и протест ја добијат бараната наставничка назад? Прашањата се отворени и чекаат одговори, времето минува а родителите се нервозни и загрижени но согласни дека бојкотот е последната работа која им останува како алатка.

За истото прашање ке го известат и Министерството за Образование и Наука надевајки се на поддршка од нивна страна.

Политиката нема место во образованието!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here