Поранешниот пратеник на ЛДП, Ангелка Пеева-Лауренчиќ, во синоќешното гостување на „Само вистина“, застана во одбрана на пратеникот Павле Богоевски по целиот случај со снимениот негов разговор.
– „Тој скандал е многу врева за ништо. Не гледам ништо скандалозно во приказната, некаков разговор којшто не е ни докажан и една бура на реакции после тоа. Да не е смешно би било трагично. Приказната е неподобна за толку големо внимание“, истакна Лауренчиќ.
Богоевски кажа дека не нарачува кокаин во објавената снимка, туку масло од канабис.
– За медицинска употреба, за моја многу блиска личност на која маслото од канабис ѝ помогна таму каде другите лекови не можеа да ѝ помогнат. Тоа го правам веќе неколку месеци и ќе го правам сè додека е потребно“, напиша Богоевски на Фејсбук.
Снимката се појави од профил со псевдоним „Илија Громовник“, а во која се слуша гласот на пратеникот.
Следеа многу реакции, досега актерот Дац побара оставка од Павле на Фејсбук, а и ВМРО-ДПМНЕ побараа Заев да му побара оставка и павле да се тестира за дрога.
Груби најави дека ќе поднесат иницијатива за таканаречен „ветинг“, односно контрола за секој пратеник или функционер којшто врши јавна дејност, како што се судии и обвинители, за контрола во врска со користење наркотици, но и учество во криминал и корупција.
Од друга страна и Ременски го одбрани Богоевски.