Ден по досега рекордниот број на новозаразени со Ковид – Комисијата за заразни болести подготви нов пакет на рестриктивни мерки. На адреса на Владата ќе пристигнат во понеделник, ако викендов продолжи трендот на пораст на бројките. Ова е последна фаза на мерки за кои здравствените власти се надеваат дека ќе донесат резултат, за да нема повторно полициски час. Порастот на бројките на новозаразени се должи на непочитувањето на мерките – министерот Филипче и доктор Караџовски гласно го кажаа тоа што е генерален впечаток во јавноста.

Ако нема почитување на основните мерки за заштита од вирусот – „светото тројство“ маска, растојание и дезинфекција како што уште пред неколку месеци го именуваше министерот за здравство, бројката може да отиде и до илјада заразени на ден, а тоа е крах за здравствениот систем оценува претеседателот на Комисијата за заразни болести, доктор Жарко Караџовски. Дополнителните рестриктивни мерки на Комисијата се креирани за да се спречи групирање на младите.

Ниту дваесет болници и петстотини доктори и сестри нема да не спасат од вирусот ако и понатаму не се почитуваат мерките во целост, заклучи доктор Караџовски на прес-конференцијата со министерот, по состанокот на Комисијата за заразни болести.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here